Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Потер: Не „скрши“ голот што го примивме, но ова е само полувреме

Објавено

на

Челси иако упати скоро 20 удари не успеа да постигне ниту еден гол во пресметката со Борусија Дортмунд и со пораз од 1-0 се враќа од Германија од првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Ова беше уште еден меч на кој „сините“ не успеваат да ги крунисаат своите добри минути, шанси, а по една брза контроа на домаќините од страна на Адејеми примија гол и со негатива ќе го започнат реваншот на „Стемфорд Бриџ“.

„Спиди Гонзалес“ од Дортмунд: Адејеми го претрча цел терен и го реши Челси (ВИДЕО)

-Тоа е контра напад од корнер. Бевме блиску ние да дадеме гол. Тоа не скрши, разочарувачки, мораме да бидеме подобри. Ако се тргне тоа на страна, бевме многу добри. Мора дадеме гол.

-Ова беше силен настап особено во второто полувреме. Создадовме многу шанси и напори за гол, но јас сум разочаран од голот што го примивме, Мислам дека бевме доминантен тим во второто полувреме. Ова е полувреме во дбомечот и мора да се прегрупираме, порача предводникот на премиерлигашот, Грем Потер.

Реваншот е закажан за 7 март во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни