Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Спиди Гонзалес“ од Дортмунд: Адејеми го претрча цел терен и го реши Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

Германскиот прволигаш, Борусија Дортмунд издвојува победа над Челси од 1-0 во првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во одлична атмосфера на „Сигнал Идуна Парк“ бундеслигашот се избори за славје пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“, славје кое им го донесе талентираниот Карим Адејеми.

„Милионерите“ се познати по тоа што имаат добра транзиција, контра напад, па така во 63 минута откако домаќините ја расчистија опасноста пред својот гол се отвори можност за брзоногиот Адејеми кој го претрча скоро целиот терен, го реши Фернандез, голманот Кепа и ја смести топката во мрежата на премиерлигашот.

На другата средба во Белгија, Клуб Бриж ги разочара своите фанови и претрпе пораз од Бенфика со 2-0. Двата погодоци паднаа во вториот дел, прво реализираше Жоао Марио од пенал во 50 минута, додека точка стави нововлезениот Нерес во 88 минута.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни