Поврзете се со нас

Атлетика

Португалски атлетичар се фрли пред финишот и победи на неверојатен начин (Видео)

Објавено

на

Најкратките делници во атлетиката се дисциплини во кои обично победуваат најбрзите, но националното првенство на Португалија ни покажа дека тоа не е секогаш така.

На трката на 110 метри со пречки во Португалија победи најснаодливиот, односно атлетичарот кој изреагира максимално интелигентно во ситуација кога виде дека противникот е во блага предност.

Витор Оливеира како претставник на Бенфика е сензационалниот победник кој стана вирален хит, а причина за тоа е потегот кој го изведе во завршните неколку метри.

Оливеира реши да се фрли и да ја анулира негативата со скок, цел која на крајот ја оствари со луда победа за која зборува цела спортска јавност во Португалија.

Витор на крајот го победил Абдел Ларинага кој бил претставник на Спортинг на националното првенство, а разликата во времињата е неверојатно тесна (13.83 наспроти 13.86).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни