Поврзете се со нас

Формула 1

Поранешен член на Мекларен наједноставно објасни зошто трката во Монако има посебно значење за Ф1

Објавено

на

Фото: https://media.mercedes-benz.com

Формула 1 трката во Монако и годинава ќе го собере светскиот џет сет, додека Формула 1 возачите ќе се надеваат на победа на овој престижен натпревар во кнежевството.

Во минатото имаш многу критики за трката поради фактот што таа не дозволува драма на патеката и не остава многу простор за возбудливи претркувања, но стручниот коментатор Марк Пристли на наједноставен начин објаснил зошто Монако е круната во Ф1 календарот.

Пристли е поранешен механичар на Мекларен, а сега го истакнал својот став како стручен коментатор за „Би-Би-Си 5“.

– Не ми пречи што многумина велат дека треба да се промени оваа трка, поради што не го истакнува вистинскиот карактер на еден Ф1 натпревар.

– Тоа ми е јасно, но јас го обожувам Монако и мислам дека трката секогаш треба да биде во календарот поради поинаквиот предизвик кој го испорачува.

– Овде работите се решаваат во сабота, квалификациите се најважни и да ги видите болидите како доаѓаат до својот лимит, мислам дека тоа е магично. Точно е дека предизвикот е поинаков, но сметам дека треба да постои во една долга Ф1 сезона и вакво нешто, – рекол Пристли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни