Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер неочекувано лесно ја освои Автокоманда и направи голем исчекор кон одбрана на титулата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер направи голем исчекор кон одбрана на титулата во домашното првенство, откако денеска мина триумфално во Автокоманда кај тимот на Алкалоид.

Седмото коло во плејофот донесе голема пресметка меѓу два посебно разиграни тимови во домашното првенство, но иако се очекуваше тврд и неизвесен натпревар, на крајот видовме голема победа на гостите изразена со десет голови разлика.

Избраниците на Ангеловски покажаа класа на тешкото гостување и успеаја да се справат со почетниот притисок на домаќаните, кои по водство од 5:4, целосно ја препуштија иницијативата и Пелистер почна да се одлепува на семафорот.

Пред крајот на првиот дел, имаше и мала нервоза на теренот и тоа донесе исклучувања на двете страни, но најважно за битолчани беше тоа што заминаа на пауза со 12:16.

Алкалоид одби да се откаже и дојде на минус два по осум минути игра во вториот дел, но од тој момент постоеше само еден тим на теренот и Пелистер почна да игра брутално добро во двата правци. Гостите брзо поведоа со плус пет, па од тука почна да расте водството се до конечните 25:35.

Нејт Цехте беше најдобар поединец на мечот и беше буквално незадржлив за домашната одбрана, постигнувајќи дури 12 гола во мрежата на Алкалоид. Радивојевиќ беше втор со шест гола, а исто толку постигна и Митев од редовите на Алкалоид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни