Поврзете се со нас

Македонија

Пандев: Жал ми е што Панчев никогаш не му помогна на македонскиот фудбал!

Објавено

на

Горан Пандев ги нагостил новинарите од српски „Спортал“ (Блиц) во својата родна Струмица, а во мега интервјуто кое беше ексклузивно објавено, најуспешниот македонски фудбалер на сите времиња говори на навистина многу различни теми.

Опфатени се почетоците на неговата кариера и преселбата во Италија која беше клучна за неговата кариера, Гоче говори и за својот нов проект кој го има како претседател на Брера Струмица, но испраќа и една „отровна стрела“ кон македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев.

Презимињата на двата фудбалски великани од Македонија се разликуваат само поради една буква, но Пандев како личност вели дека не е премногу воодушевен од фудбалското залагање кое го имал Дарко по крајот на играчката кариера.

– Ќе имав уште подобар учинок како рекордер по бројот на одиграни натпревари за Македонија ако не прескокнев еден или два циклуса. Панчев во свое време беше најдобар во Македонија.

– Како деца, сите навивавме за Звезда или Партизан. Сепак, уште во тоа време, мој идол беше Савичевиќ, тој ми беше пред Панчев. Навистина ми е жал што Панчев никогаш не и помогна на Федерацијата и на македонскиот фудбал. Такво фудбалско име можеше многу да помогне, но тој не го направи тоа. Навистина ми е жал, – вели Пандев.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни