Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пандев нема дилеми: Тие го играат најдобриот фудбал во Европа!

Објавено

на

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев пред некое време официјално стави крај на кариерата, а ова значи дека во моментов има повеќе слободно време и може со внимание да ги испрати најактуелните и најквалитетните фудбалски натпревари, случувања.

Популарниот Гоче е импресиониран од една екипа, екипа која за него го игра најдобриот фудбал во Европа во оваа сезона. Тоа е калчолигашот Лацио кој e прв во Серија А, додека во Лигата на шампионите игра спектакуларно и има три од три во групата во која се уште Ливерпул, Ајакс и Ренџерс.

-Многу сум среќен за Наполи. Тие го играат најдобриот фудбал во Европа, не е лесно да се даваат толку голови на меѓународна сцена. Навивачите можат да бидат горди на тимот на Спалети. Нападот е многу брз, одбраната стабилна. Се надевам дека Наполи ќе освои барем еден трофеј сезонава затоа што луѓето од Неапол заслужуваат да се радуваат, -порача Пандев за Радио Кис Кис.

Пандев играше за овој тим во минатото и освои два Куп трофеи во сезоните 2011-2012 и 2013-2014.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни