Поврзете се со нас

Балкан

Панчев за смртта на Михајловиќ: Катастрофа, немам сила да зборувам!

Објавено

на

Веста за смртта на Синиша Михајловиќ ја потресе фудбалската јавност, а тука секако се и многу негови соработници, поранешни колеги, соиграчи како што е Дарко Панчев.

Македонската фудбалска легенда играше заедно со Михајловиќ во најубавите времиња на Црвена Звезда кога овој тим стана европски шампион, па сосема очекувано Панчев беше скршен од болка поради загубата на пријателот.

-Немојте да се лутите, никогаш не сум бегал од разговор. Не знам, не можам… Ме погоди, ова е катастрофа. Што да ви кажам? Едноставно немам енергија да зборувам за тоа. Жал ми е што не напушти, во друга прилика, -истакна Панчев за српски „Блиц“.

Синиша почина во 53 година, односно ја загуби битката со леукемијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни