Поврзете се со нас

Италија

Освои пет Скудета со Јувентус, а сега ќе потпише за Интер

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Интер и Јувентус се ривали кои долго време водат „војна“ на теренот за најважните трофеи, но тоа нивно ривалство знае да се префрли и надвор од зелениот терен и најдобар доказ за тоа е случајот Ромелу Лукаку и тоа што „нероаѕурите“ се откажаа од него откако разбраа дека играчот води двојна игра и преговара, разговата и со „бјанконерите“.

И додека трае драмата со Лукаку од Апенините доаѓа информација за транфер кој ќе донесе потрес и ќе ги разочара навивачите на „старата дама“. Имено медиумите на „чизмата“ информираат дека нов играч на европскиот вицешампион ќе биде икусниот Хуан Куадрадо.

Колумбиецот е легенда на Јувентус, мина осум години во овој тим, освои многу титули од кои за издвојување се оние пет во Серија А.

Меѓутоа Хуан по се изгледа нема проблеми да се пресели во Милано, па е на добар пат да потпише едногодишен договор.

Претходно Интер ги обезбеди Фратези, Бисек и Тирам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни