Поврзете се со нас

Македонија

Останува во „црвено-црното“ семејство: Дибиров потпиша нов договор со Вардар

Објавено

на

Двократниот европски шампион Вардар го составува тимот за наредната натпреварувачка сезона, а од него дефинитивно ќе биде дел Тимур Дибиров.

Одличното лево крило се одлучил да ја прифати понудата на „црвено-црните“ за продолжување на соработката и ќе остане во Скопје најмалку уште една сезона. Русинот веќе долги години е во Вардар, поточно од 2013 кога пристигна од Чеховски Медведи.

Во целиот овој период тој направи многу за клубот, имаше голема улога во најзначајните успеси и со тоа дојде до статус на легенда, вистински миленик на навивачите.

Од претходно беше познато и дека Филип Талески продолжува со Вардар, тим кој веќе за наредната кампања ги договори Дарко Ѓукиќ, голманот Мартин Томовски, Анте Кудуз, Јан Чувара и бекот Едуардо Гурбиндо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни