Поврзете се со нас

Македонија

Останува верен: Петковски потпиша нов договор со Пролет

Објавено

на

foto: www.rkprolet.mk/

Тинекс Пролет продолжува да ја составува екипата за новата сезона, па така успешно заврши уште едни преговори и тоа со Андреј Петковски.

Голманот се одлучи да му остане верен на македонскиот прволигаш и да потпише нов двегодишен договор. Тој имаше квалитетни изданија во овој клуб по што доби на маса понуда која одлучи да ја прифати.

Со ова Пролет ја оствари целта затоа што ги задржа двата голмани, претходно Данило Михаљевиќ исто ја продолжи верноста.

Нов договор доби и крилото Давор Палевски, додека како засилување беше доведен Филип Арсеновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни