Поврзете се со нас

Англија

Онана образложи зошто не дава јавна поддршка за Тен Хаг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Андре Онана мина низ многу тежок период на стартот на сезоната и најголемата поддршка ја доби од Ерик Тен Хаг, но сега кога менаџерот е во проблематична ситуација, голманот на Манчестер Јунајтед не се дрзнува да излезе со позитивни коментари за работата на тренерот.

Поранешниот голман на Интер доби несекојдневно прашање во интервјуто за „Скај Спортс“ и требаше да одговори зошто не му дава јавна поддршка на својот менаџер, а еден од аргументите му беше дека работите во фудбалот брзо се менуваат и често знаат да бидат привремени.

– Во фудбалот нема меморија, многу работи брзо се забораваат и свесен сум за тоа. Си бил добар вчера и денес, а ако не си добар утре и следниот ден, ќе го паметат тоа што си го направил последно. За жал, тоа не може да се промени во нашиот спорт.

– Ерик е добар менаџер, но јас не сум тука за да му давам поддршрка. Тој е доволно возрасен за да си биде поддршка сам на себе.

– Тој направи добри работи во Јунајтед минатата сезона, но ова е фудбал и работите во фудбалот се само привремени, – порачува Онана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни