Поврзете се со нас

Европски купови

Ојлески: Нашата форма е во нагорна линија, можеме да ја победиме Татабања

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер забележа три различни резултати во првите три кола во Лигата на Европа, односно почна со пораз од Ним, па одигра нерешено против Кадетен Шафхаузен за да во последната рунда слави во Грција над АЕК.

Со ова клубот од Битола само покажува дека од меч во меч напредува, ја крева формата, па затоа верува дека утре може да го совлада унгарскиот претставник Татабања. Тоа е средба која пелистерци ја играа во својот дом и крилото Гоце Ојлески е оптимист дека може да дојдат до посакуваниот резултат.

-Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа, -рече искусниот Ојлески

Минатата година овие екипи се соочија во истата оваа фаза и македонскиот вицешампион забележа две победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни