Поврзете се со нас

Репрезентација

Официјални состави: Елмас и Миовски го преводат нападот на Македонија, Италија со формација 4-3-3

Објавено

на

Македонија вечерва и гостува на големата Италија во рамките на квалификациите за Европското првенство, средба за која селекторот Благоја Милевски ја одбра почетната единаесетка во која нема изненадувања.

На голот е Димитриевски, стоперската линија ја сочинуваат Манев, Муслиу и Серафимов, а пак на левата и десната страна ќе бидат Димоски и Алиоски.

Адеми и Елези треба да донесат стабилност на средината на теренот заедно со Барди, додека најистурено ќе бидат Миовски и Елмас.

Домаќините ќе тргнат офанзивно во формација 4-3-3 во која најопасни треба да бидат Распадори, Киеза и Берарди.

Бонавентура, Жоржињо и Берела се во средина, дефанзивната линија ја сочинуваат Гати, Ачерби, Димарко и Дармија, додека на голот е Донарума.

Средбата започнува во 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни