Поврзете се со нас

Шпанија

Обложувалниците го издвоија фаворитот за наследник на Зидан на клупата на Реал Мадрид

Објавено

на

Реал Мадрид се наоѓа во сериозна резултатска криза, а таквите резултати опасно го разнишаа тренерското столче на Зинедин Зидан.

Францускиот стратег можеби ќе ја доврши сезоната како тренер на Реал Мадрид, но извесно е дека по крајот на истата ќе си замине од функцијата, а Флорентино Перез ќе треба да му бара наследник.

Според коеициентите на обложувалниците, најсериозен кандидат за тренерската позиција во Реал Мадрид во моментов е Масимилијано Алегри. Италијанскиот стратег е две години без ангажман, а се пишуваше дека тој би можел да седне и на клупата на Рома, но понуда од Реал Мадрид тешко се одбива.

По Алегри, следен на листата менаџери кои може да го наследи Зидан е легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез за кого коефициентот е 5.00, додека со 7.00 коефициент трет фаворит за клупата на „кралскиот клуб“ е уште еден поранешен играч на Реал Мадрид, Гути.

Продолжат ли ваквите резултати на Реал Мадрид, Зидан нема да го дочека крајот на сезонатаи со сигурност ќе биде отпуштен од Флорентино Перез, а овие тројца кандидати ќе чекаат повик за да го наследат тренерот кој донесе многу трофеи во витрините во Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни