Поврзете се со нас

Италија

Нов скандал со обложување во Италија, двајца репрезентативци беа испратени дома

Објавено

на

foto:twitter.com/Azzurri_En

Италија има важни дуели против Малта и Англија во наредниве денови, но пред истите се случи потрес во националниот состав по што двајца репрезентативци беа испратени дома, поточно нема да бидат на располагање на селекторот Лучијано Спалети.

Имено се работи за нов скандал со обложување, овој пат поврзан со Сандро Тонали и Николо Ѕаниоло кои настапуваат за клубот од Премиер лигата.

Тие двајца се ставени под истрага поради прекршување на правилата за обложување, поточно овој предмет го води истиот обвинител од Торино кој го води случајот на Николо Фаџоли од Јувентус.

Според сегашните правила, играчите не смеат да се обложуваат на кој било фудбалски натпревар или натпреварување каде било во светот, без разлика дали се вклучени во таа лига, па останува да се види како ќе заврши истрагата за Сандро и Николо, а пак за Фаџоли имаше информации и дека ја признал вината што значи го очекува голема казна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни