Поврзете се со нас

Шпанија

Ништо од демантот на Карим: Реал официјално информираше дека Бензема го напушта клубот! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид дефинитивно ќе претрпи сериозни промени претстојново лето, бидејќи по вчерашните збогувања со Марко Асенсио, Маријано Дијаз и Еден Азар, денеска точно напладне пристигна и најбомбастичната вест.

Иако Карим Бензема пред само неколку дена ги демантираше информациите за заминување и нагласи дека ќе ја доработи последната година од договорот, на крајот Реал Мадрид ја известува јавноста дека Французинот и официјално си оди после неверојатни и незаборавни 14 години.

– Реал Мадрид и капитенот Карим Бензема се договорија да стават крај на неговата блескава и незаборавна етапа како играч на нашиот клуб. Клубот сака да ја покаже својата благодарност и наклонетост кон играчот кој веќе е една од нашите најголеми легенди. Бензема пристигна во 2009 година, на само 21 година, и тој беше клучен играч во оваа златна доба од нашата историја. За време на четиринаесетте сезони во кои го бранеше нашиот грб и нашиот дрес, тој освои 25 титули, рекорден број на трофеи за Реал Мадрид: пет Лига на шампиони, пет светски клупски првенства, четири европски Суперкупа, четири Ла лиги, три титули во Копа дел Реј и четири шпански Суперкупа.

– Карим Бензема е актуелната „Златна топка“ и играч на годината на УЕФА, како и вклучен во ФИФА тимот и најдобар голгетер во 2022-ра година. Бензема е петтиот играч кој најмногу го има облечено нашиот дрес со 647 настапи, а исто така е и втор најдобар стрелец на сите времиња за Реал Мадрид со 353 гола. Тој е и вториот стрелец на Реал Мадрид на сите времиња и во Лигата и во Европскиот куп. Исто така тој е четврти стрелец во Лигата на шампионите во историјата и четврти во Лигата.

– Кариерата на Бензема во Реал Мадрид беше пример за тоа како треба да се однесува еден професионален фудбалер, тој ги претставува вредностите на нашиот клуб. Поради тоа, тој го стекна правото да одлучува за својата иднина. Мадридистите и сите навивачи ширум светот уживаа во неговиот магичен и уникатен фудбал, кој го направи еден од најголемите митови на нашиот клуб и една од големите легенди на светскиот фудбал. Реал Мадрид е и секогаш ќе биде негов дом, за него и неговото семејство. Му посакуваме се најдобро во новата фаза во животот. Следниот вторник, на 6 јуни, во 12:00 часот, во Реал Мадрид ќе се одржи институционален чин за издавање почит и збогување на Карим Бензема, со присуство на нашиот претседател Флорентино Перез, – гласи објавата на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни