Поврзете се со нас

Свет

Николов даде гол за Сондерјиске по само 47 секунди (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/soenderjyskefodbold/

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Иван Николов постигна гол за Сондерјиске против Хобро во втората лига на Данска.

Николов кој беше стартер можеби го даде најбрзиот гол во досегашната кариера со оглед на тоа што донесе водство за гостите по само 47 секунди игра.

Во вториот дел домаќините го свртеа резултатот, но новиот дански прволигаш го имаше последниот збор и преку Клове во 84 минута дојде до реми од 2-2.

Ова за Иван беше трет сезонски гол, а зад своето име додаде и три асистенции. Другиот македонски интернационалец Сефер Емини беше активен од 69 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни