Поврзете се со нас

Франција

Нејмар со седум збора го потврди мега-трансферот во Саудиска Арабија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Нејмар режираше историја пред шест години кога направи директен трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, сума која до ден денеска важи за рекорд кога е во прашање продажбата на еден фудбалер во светот.

Рекордот на Бразилецот ќе потрае уште некое време, но она што требаше да претставува ѕвездено засилување за ПСЖ, со текот на годините се претвори во проблем, кој ова лето добива своја разрешница.

После неколку преодни рока во кои се поврзуваше со враќање во Барселона, Нејмар на крајот прави трансфер во „ветената земја“ за голем број европски фудбалери, па така сега и за Бразилецот.

Неј реши да замина на печалба во Саудиска Арабија и ја прифати понудата од Ал Хилал, клуб кој за две години му гарантира 300 милиони евра (150 милиони по сезона), но можност истите да станат и 400 милиони со одредени бонуси и комерцијални обврски.

Како оштета, ПСЖ за неговата продажба ќе добие фиксни 80 милиони евра (со бонуси може да дојдат и до 100), а Нејмар во новиот клуб се претстави со шест зборови:

– Јас сум во Саудиска Арабија, јас сум Хилали…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни