Поврзете се со нас

Балкан

Најдоски се расплакал за Михајловиќ: Ова е страшно, утре летам за Белград

Објавено

на

Дарко Панчев со изјава за српските медиуми имаше кратко обраќање за трагичната вест која ја потресе цела фудбалската спортска јавност, а денеска за „Моцартспорт“ се јави и вториот македонски соиграч на Синиша Михајловиќ од шампионскиот тим на Црвена Звезда, Илија Најдоски.

Неуморниот македонски воин од неповторливиот тим на Црвена Звезда која ја освои европската титула се огласил за угледниот српски медиум преку телефонски разговор, при што не ги криел емоциите и солзите за прераната смрт на големиот борец.

Синиша Михајловиќ вчера почина во 54-та година од својот живот како последица на долга битка со леукемија, која за жал на крајот ја загуби по последното драстично влошување на здравствената состојба.

– Се уште не можам да поверувам дека се случи ова. Се подготвувам за комеморацијата во негова чест, утре летам за Белград. Михајловиќ беше фантастичен човек, немам зборови со кои можам да го опишам.

– Страшно е ова што ни се случи. Тој беше човечки великан, голем борец до самиот крај, голем пријател и секогаш подготвен да помогне. Имавме многу заеднички работи. Тој никогаш не се откажуваше, секогаш одеше докрај, но овојпат не му успеа. Во моментов немам многу зборови бидејќи навистина сум погоден и потресен. Нека му е лесна земјата, на сите многу ќе ни недостасува. Мојот и наш Синиша, – порачал растревожениот Најдоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни