Поврзете се со нас

Шпанија

Најдобриот играч на Атлетик играл со стакло во ногата цели две години! (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/AthleticClub

Ињаки Вилијамс е симбол за неуништливост во Шпанија поради рекордот кој го оствари во Ла Лига, но истовремено е и симбол за навивачите на Атлетико Билбао кои уживаат во игрите на својот миленик.

Брзоногиот напаѓач стана фудбалерот со најмногу последователни настапи во Ла Лига и неговиот рекорд од 251 меч тешко дека некој ќе го собори, а овој податок станува уште поимпресивен ако се знае дека дел од тие натперевари ги играл со стакло во својата нога.

Ињаки нема да може да биде дел од последното коло во Ла Лига кое се игра овој викенд, а причина за тоа е стаклото кое му било извадено од ногата со мала хируршка интервенција.

Тренерот Ернесто Валверде откри дека Ињаки почнал да чувствува нелагодност и болки во пределот на раната која ја има на своето стапало, по што било откриено дека останало парче стакло во неговата нога при интервенцијата која била направена пред две години.

– Ињаки имаше инцидент за време на одморрот пред две години, кога при една ситуација нагазнал скршена стаклена чаша. Во последните неколку месеци имаше болки во пределот на раната и дури побара да биде заменет на еден меч. После финалето во Купот му се направи магнетна резонанца и беше откриено дека има останато стакло во ногата.

– Не се работеше за мало парче, тоа е стакло од 2 сантиметри и можеше да му направи штета на тетивата. Не можевме да веруваме што се случува, но сега му го извадија стаклото и ќе мора да одмори, – откри Валверде, а Ињаки преку Инстаграм стори откри што му било извадено од ногата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни