Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мирниот Пиоли влезе во конфронтација со Зиберт: Му го кажав на судијата тоа што го мислев (Видео)

Објавено

на

Милан вторпат загуби од Челси во период од една седмица, но ако беше комплетно надигран во Лондон пред седум дена, вчеравечер се доби впечаток дека беше оштетен и казнет од страна на главниот судија.

Германецот Зиберт навистина рано му даде едносмерен тек на мечот со двојната казна која досуди за домашниот тим, бидејќи покрај тоа што покажа на белата точка, му додели и црвен картон на Томори кој не можеше да поверува дека добива исклучување.

Пеналот и црвениот картон го променија целосниот тек на натперварот и Челси се избори за лесна победа од 0:2, по која мирниот Стефано Пиоли влезе во конфронтација со судијата.

– Не сакам да се навраќам на ситуацијата од крајот на мечот, изгледа премногу очигледно нели. Не сакам да додавам коментари. Му го кажав на судијата тоа што го мислев.

– Не зборувам англиски многу добро, но мислам дека ме разбра. Црвениот картон и пеналот го променија мечот. Челси е доволно тежок противник и немаше потреба да добие предност со играч повеќе. Единствено позитивно од сето ова е фактот што судбината е во наши раце. Имаме уште два натпревари и можеме сами да решаваме за нашата судбина во Лигата на шампиони, – изјави Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни