Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски го доби македонското дерби против Кузмановски, на победа се радуваше и Пешевски

Објавено

на

Филип Миркуловски со својот Вецлар издвојува победа над Хановер на Филип Кузмановски на денешната пресметка во Бундеслигата.

Гостите беа подобри во двете полувремиња (14-10, 14-12) и сосема заслужено на крајот славеа со 28-22.

Популарниот Жути го заврши овој дуел со еден гол од два обиди, а ист таков учинок имаше и Кузмановски со тоа што запиша и асистенција зад своето име.

Штутгарт пак на кружниот напаѓач Жарко Пешевски избори триумф над Лајпциг од 29-25. Кристјансон со осум гола беше прв стрелец кај победникот, Пешевски пак беше автор на еден погодок од еден обид.

Вецлар со 31 бод е на 6. позиција во најсилната германска конкуренција, Хановер со 19 поени е 14, додека Штутгарт со 18 поени е на 15. место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни