Репрезентација
Миовски: Требаше порано да го затвориме натпреварот
Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со Молдавија, на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Анталија, а стрелец на единствениот гол за нашата селекција беше Бојан Миовски.
Напаѓачот на Абердин донесе водство пред крајот на полувремето, но по неколку неискористени обиди на избраниците на Благоја Милевски, противникот израмни во завршницата за конечни 1:1. Миовски смета дека Македонија пропушти можност порано да си ја обезбеди победата.
– Добро го почнавме првото полувреме и имавме контрола, но теренот не дозволи да создадеме повеќе шанси. Во второто полувреме, загубивме доста дуели и на крајот тоа беше причина за тоа што примивме гол.
– Мислам дека резултатот е реален, имавме неколку шанси околу 60. минута, кога можевме да го затвориме натпреварот, за жал примивме гол, но одиме понатаму. Ова се пријателски мечеви и важно е да се воигруваме, а сега ќе размислуваме за мечот со Црна Гора“, вели Миовски.
Македонија ќе го игра дуелот со Црна Гора исто така во Анталија и тоа на 25. март.
Молдавија со атрактивен гол спречи победа на Македонија во Анталија (Видео)
-
Шпанија19 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија18 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија17 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија20 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија21 час
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Шпанија24 часа
Иниеста пушти солзи уште при првата реченица: Се одјави како играч, но веќе го најави својот следен чекор (Видео)
-
Репрезентација22 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа