Поврзете се со нас

Репрезентација

Молдавија со атрактивен гол спречи победа на Македонија во Анталија (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска федерација водеше на полувреме, но не успеа да ја задржи предноста до самиот крај и одигра со нерешени 1:1 на пријателскиот натпревар со Молдавија.

Двете репрезентации го искористија соочувањето во Анталија како загревање за идните обврски во квалификациите, а избраниците на Благоја Милевски оставија подобар впечаток во првиот дел.

Истиот заврши со позитивен резултат откако ударот на Енис Барди донесе одбиена топка од противничкиот голман и рутинска завршница на Бојан Миовски.

Молдавците во продолжението играа поактивно обидувајќи се да израмнат, а тоа им успеа во 82. минута, кога резервистот Дамаскан погоди со ножички и на атрактивен начин ги постави конечните 1:1.

По три дена, Македонија на истата локација ќе игра пријателски натпревар и со Црна Гора.

Голот на Молдавија може да го видите на следниот ЛИНК

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни