Поврзете се со нас

НБА

Милвоки го отпушти тренерот по 43 натпревари

Објавено

на

foto:twitter.com/ShamsCharania

Милвоки Бакс со учинок од 30 победи и 13 порази е на второто место во источната конференција, но овој учинок не е доволен за управата на поранешниот НБА шампион која одлучи изненадувачки да го отпушти тренерот Ејдријан Грифин.

Грифин беше назначен за нов предводник на Бакси во месец јуни, поточно ова за него беше прва сезона во која екипата не изгледаше најсјајно, покажуваше слабости, меѓутоа имаше позитивен биланс и отказот за 49-годишниот стручњак дефинитивно е неочекувана вест.

-Ова беше тешка одлука да се донесе во текот на сезоната. Работиме веднаш на ангажирање на нашиот следен тренер. Му благодариме на тренерот Грифин за неговата напорна работа и придонес за тимот, -порача генералниот менаџер Џон Хорст.

Џо Пранти ќе биде привремено решение, а во меѓувреме Милвоки веќе има пикирано искусен стратег за нов предводник-тоа е Док Риверс кој свеовремено му донесе НБА пехар на Бостон Селтикс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни