Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Не сум задоволен како изгледавме, има доста работи кои треба да ги поправиме

Објавено

на

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација одигра без победник против Финска (1-1) на пријателскиот меч кој се одигра во Скопје.

„Црвено-жолтите“ имаа шанси, ја контролираа играта, ама на крајот не дојдоа до посакуваниот резулат, триумф на натпреварот. Селекторот Благоја Милевски забележал добри и лоши работи на оваа средба, односно работи кои мораме да ги поправиме за да бидеме конкурентни.

-Повторно имавме проблем со реализацијата. Имавме одлични прилики, мора да поработиме на тој момент. Задоволен сум од одродени работи од играчите, ама има и доста работи кои треба да ги поправиме. Не сум задоволен од тоа целосната слика. Беше  добар меч за гледање, меѓутоа има доста работи кои треба да ги поправиме. Нашата филозофија е да играме напаѓачки и со висок пресинг. Момците дадоа максимум и не можам да не бидам задоволен, сепак многу работи кои треба да ги поправиме за да бидеме конкуренти. Ме радува враќањето на Несторовски. Имаше три до четири добри шанси за гол, жал ми е што не даде погодок.

-Тимот и играчите кои се повикани, сите имаат свои квалитети и се ставени во функција на репрезентацијата. Неслучајно инсистирав да имаме тешки тестови, Финска е навистина квалитетна селекција, -истакна селекторот Милевски.

Наредниот меч го играме в недела од 14 часот против Азербејџан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни