Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мејведер не го победи јутјуберот Пол, едно видео од Мајами посебно ги изнасмеа фановите

Објавено

на

Флојд Мејведер не успеа да го победи познатиот јутјубер Логан Пол во фамозната и толку најавувана борба, која на крајот заврши без победник и со нерешен исход откако аматерот успеа да му одолее на големиот шампион.

Мејведер изгледаше како човек кој има обичен тренинг во текот на сите осум рунди и повеќе се грижеше да го одржи противникот што подолго во рингот, а идејата всушност и му успеа бидејќи јутјуберот остана на нозе и покрај тоа што доби неколку удари.

Бокс егзибицијата во Мајами донесе доста негативни реакции поради фактот што беше очигледно дека парите и шоуто се ставени на прво место пред борбата, бидејќи во една ситуација, добро се забележа како Мејведер го нокаутираше Логан, а потоа го додржа да не падне со своите раце.

Мејведер заработи огромна сума на пари со оваа борба, но според многумина, тој ја губи својата репутација и професионалност со вакви случувања кои се организираат само за забава и шоу.

Борбата беше навистина многу коментираната на социјалните мрежи, а убедливо најурнебесно е едно видео во кое Мејведер едноставно се одбрани од серија на удари на Логан која нема ништо заедничко со професионалниот бокс и техниката на овој спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни