Поврзете се со нас

АТП

Медведев за критиките кои ги добива: Воопшто не ми е гајле за техниката

Објавено

на

Данил Медведев е последниот грен-слем шампион кој го доби светскиот тенис откако Русинот триумфираше во големото финале на Ју-Ес Опен, во кое покрај тоа што стигна до посакуваниот трофеј, успеа да стави крај на доминацијата на Новак Ѓоковиќ во оваа 2021-ва година.

Србинот бркаше календарски слем и обединување на сите големи четири титули во иста година, но по трите освоени трофеи во Мелбурн, Париз и Лондон, следеше разочарување за него во Њујорк и пораз во три сета од Медведев.

Данил стана првиот тенисер од младата генерација кој стигна до грен слем трофеј, а многумина останаа изненадени поради тоа што неговиот тенис не предизвикува посебна возбуда и се смета дека не е естетски добар.

Медведев е прилично дефанзивен тенисер, но максимално ги користи своите ресурси и предности во играта, па вели дека сеедно му е тоа што добива критики за неговиот тениски стил.

– Да бидам искрен, воопшто не ми е гајле за мојата техника. Пред извесно време се сретнав со Игор Челишов, еден од моите први тренери во тенисот. Бев радознал и го прашав како сум играл како дете. Ми рече дека постојано сум трчал и сум играл „балони“ како и сега.

– Тоа е навистина забавно, бидејќи всушност ништо не се променило од почетокот. Секако, моите удари се сега многу посилни, но и натаму имам способност да ја погодам топката во вистинско време и да ја испратам на вистинско место. Се додека е така, техниката е небитна за мене, – потенцира Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни