Поврзете се со нас

АТП

Медведев пред Вимблдон ги посочи најдобрите двајца тенисери кои заиграле на тревна подлога: Тие се вонземјани

Објавено

на

Данил Медведев се истакна како елитен тенисер и може да се пофали дека е грен слем шампион, но колку што е добар на тврда подлога, Русинот толку е променлив и неконстантен на земјена и тревна подлога.

Иако тревата важи за најбрза подлога во тенисот, Медведев не може да се адаптира на истата како на бетон, а во припремите за Вимблдон самиот откри што најмногу го нервира во овој дел од сезоната.

– Турнирите на трева се најнепредвидливи. Може да одиграте перфектен меч, но да загубите во два тајбрејка и да се спакувате. Тоа ми е многу тешко за прифаќање.

– Кога го гледам сега Новак, или некогаш Федерер, тие за мене се како вонземјани на трева. Неверојатно е како освоија тилку титули на Вимблдон. За мене, секој меч на трева е незгоден, па затоа ги гледам што правеле и се обидувам да учам од нив, – вели Медведев.

Русинот имаше ужасен турнир во Париз и испадна уште во првата рунда на Ролан Гарос, па сега сигурно ќе сака да се покаже во што е можно подобро светло на Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни