Поврзете се со нас

Италија

Марота ги потврди најавите, Интер тргнува по засилување за следната сезона

Објавено

на

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота ги потврди најавите дека од клубот наскоро ќе започнат преговори со еден фудбалер кој треба да пристигне на „Меаца“ следната сезона.

Станува збор за голманот на Ајакс, Андре Онана кој се уште е под суспензија поради позитивниот допинг тест направен пред околу една година.

Онана ќе остане без договор со Ајакс по крајот на оваа сезона и веќе во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови за продолжување на неговата кариера.

Интер е еден од најзагреаните за ангажман на голманот кој потврди дека преговарал со Лион и Марсеј, меѓутоа не постигнал договор.

– Онана е интересен голман, ги разгледуваме сите опции и ќе донесеме одлука, -кратко изјави Марота практично потврдувајќи дека од клубот ќе работат на ангажман на 25 годишниот чувар на мрежата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни