Мото ГП
Маркез нема да вози во Валенсија поради активирање на непријатен проблем од минатото (Фото)

Поради потресот на мозокот и падот кој го имал за време на тренинзите, Марк Маркез ја пропушти трката во Португалија која се возеше изминатиов викенд, но денеска пристигна информација дека состојбата на Шпанецот не е воопшто наивна, па сега ќе ја прескокне и последната трка во Мото ГП сезоната.
Осумкратниот шампион нема да се појави на трката во Валенсија и ќе ја пропушти последната трка во „кралската класа“, сето тоа како последица на проблемот кој е доста добро познат за него.
Кај Маркез се јавил проблем кој датира од 2011-та година, односно по падот кој го имал, му се јавила диплопија и не добил зелено светло за настап во Валенсија.
– Ова се тешки моменти за мене, изгледа дека врне дожд и кога е суво. Откако го посетив доктор Санчез Далмау, се потврди дека имам нова епизода на диплопија (двојно гледање на работите), исто како и во 2011-та година.
– Потребно е трпение, но ако научив нешто во изминатиот период, тоа е да се соочам со проблемите на позитивен начин. Благодарност за поддршката, – порача Маркез.
Son momentos duros, parece que llueva sobre mojado. Tras visitar al Dr.Sánchez Dalmau se ha confirmado un nuevo episodio de diplopía(visión doble) igual que en 2011. Toca paciencia, pero si una cosa he aprendido es afrontar las adversidades con positividad. Gracias por el apoyo💪🏼 pic.twitter.com/gyyHJURcv5
— Marc Márquez (@marcmarquez93) November 9, 2021
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!
-
Светпред 24 часа
Станковски со деби гол во својот прв старт за Газиантеп (Видео)
-
АТПпред 9 часа
Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ ја потврди разделбата со еден од најискусните фудбалери
-
Англијапред 4 часа
Конте си крева на цена: Да ми речеше Леви дека сака да играме во Лигата на шампионите..
-
Англијапред 24 часа
Клоп го најави заминувањето на играч на Ливерпул и порача: Тој е наша легенда
-
НБАпред 11 часа
Далас испушти плус 19, Кари ги прати Дончиќ и соиграчите на спиење (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Тебас: Не гледам како Барселона може да си го дозволи Левандовски