Поврзете се со нас

Германија

„Марка“: По „корпата“ од Чаби, Баерн исконтактирал уште една легенда на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Баерн Минхен обично ги претставува своите тренери неколку месеци пред старт на една пресезона, но овојпат баварците се соочуваат со потешка ситуација и добија „корпа“ од својот прв и идеален кандидат.

Чаби Алонсо ги одби претставниците на Баерн и реши да остане најмалку уште една сезона во Баер Леверкузен, а со самото тоа ги натера челниците на најголемиот германски клуб да ги реактивираат и другите опции кои ги имаат на својата листа.

Медиумите од Германија веќе некое време говорат дека дел од потенцијалните кандидати е и Јулијан Нагелсман кој во моментов е селектор на „панцирите“, но покрај негов кам-бек, во игра е и ангажман на Зинедин Зидан.

Угледната „Марка“ денеска ексклузивно информира дека Баерн стапил во контакт со уште една легенда на Реал Мадрид, или поточно со Зинедин Зидан кој веќе некое време е надвор од активности и без тренерски ангажман.

Зизу си замина од Реал во 2021-ва година и веќе трета сезона е без работа, па како што информира „Марка“, директорите на Баерн стапиле во контакт со неговите агенти и сериозно се заинтересирале за можна соработка.

Баварците оствариле први контакти и ги интересира дали Зизу е подготвен за нов голем предизвик во кариерата, бидејќи неговиот тренерски пост веќе трае многу подолго од очекувањата.

Дел од фан базата на Баерн смета дека легенда како Зидан би бил вистински избор за новиот проект на Баерн, кој после 11 години ќе биде стартуван без титулата од Бундеслигата во своите витрини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни