Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Перез има јасна стратегија за Мбапе!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Килијан Мбапе вчера предизвика вистински потрес во француската спортска јавност, а причина за тоа било искреното писмо кое го испратил до водечките луѓе во Катар, а кои им соопштил дека не планира да ја активира клаузулата за продолжување на договорот до 2025-та година.

Француската ѕвезда самостојно можеше да бира дали ќе остане верен на ПСЖ за уште една сезона (лани договорот беше потпишан на 2+1), но откако решил дека нема да ги активира дополнителните 12 месеци, сега се отворија многу сценарија за негов трансфер уште ова лето.

Угледниот „Лекип“ информира дека ПСЖ сериозно планира да го продаде ова лето и да спречи да го загуби без да добие ниту едно евро наредната година, па во вакви услови, во пол-позиција треба да биде Реал Мадрид.

Сепак, „Марка“ уверува дека Флорентино Перез нема да го менува планот и цврсто ќе стои зад својата стратегија, според која тој не планира прв да направи исчекор и да контактира со двете страни.

Претседателот на Реал пред неколку дена изјави дека планира да го доведе Мбапе наредната година, но ниту новата ситуација не го менува неговиот став после се она што се случи минатата година, кога Килијан во последен момент ги прекина преговорите со Реал Мадрид.

„Марка“ тврди дека Мбапе може да заврши во Реал ова лето само ако ПСЖ или Мбапе први стапат во контакт со Перез, кој потоа ќе треба да одлучува колку пари вреди да издвои за една од најголемите фудбалски ѕвезди во моментов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни