Поврзете се со нас

Италија

Манчини: Италија има пет играчи како Белингем, но има една голема разлика

Објавено

на

Роберто Манчини се соочи со огромно разочарување во март минатата година, но и покрај тоа што се двоумеше, на крајот реши да остане италијански селектор и да продолжи да го води националниот тим.

Како најодговорно лице за селектирање на најдобрите играчи од Серија А, Манчини смета дека Италија последните години има проблем со еволуцијата на младите фудбалери, од едноставна причина што клубовите во кои играат не им даваат доволно шанса.

Италијанскиот селектор направи една интересна споредба земајќи го за пример Џуд Белингем, кој со свои 19 години беше лидер на Англија на Светското првенство.

– Не е проблем дека немаме таленти, проблем е тоа што не им даваме да се развиваат. Ние гледаме таленти насекаде во Италија. Сметам дека имаме четир иили пет играчи со квалитет како Белингем, но тие не добиваат доволно време за игра. Ние имаме таленти со квалитет, но немаат искуство.

– Во Англија, Холандија и Германија, ако играч е талентиран, тој веднаш добива шанса за игра. Ние тука имаме такви играчи, но не им даваме да играат во клубовите, – вели Манчини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни