Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија се „лизна“ едно место на ФИФА листата, има промени во најдобрата десетка!

Објавено

на

Македонија има пад од едно место на најновата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Црвено-жолтите“ во изминатиов период одиграа два натпревари против Молдавија и Црна Гора, натпревари на кои не остваривме победа, поточно ремизиравме со Молдавците (1-1) и загубивме со Црногорците и тоа придонесе да се „лизнеме“ едно место ФИФА ранкингот.

Со вкупно 1354.19 бодови ние сме 69 светска фудбалска сила, а интересно е тоа што Црна Гора од која неодамна загубивме е веднаш зад нас.

Кога е во прашање најдобрата десетка тука има одредени промени, Аргентина и Франција останаа на првите две места, Белгија сега на сметка на Англија е на третата позиција, Бразил е петти, Португалија и Холандија ги заменија местата по што следат Шпанија, Италија и Хрватска која ја заокружува Топ 10 листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни