Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике сигурен во победа во Барселона: Сега ќе ни биде уште полесно……

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_Inside

Луис Енрике ја загуби првата тактичка битка со Чави Ернандес и мораше да му подаде рака на својот ученик, но Лучо не планира да се откаже и тврди дека има подготвено рецепт за победа на гостински терен.

ПСЖ ќе брка негатива од 3:2 на гостувањето за една недела и ќе треба да прави пресврт во четвртфиналето, предизвик кој според Луис Енрике не е премногу тежок за неговиот тим.

– Никој не сака да загуби на домашен терен, секогаш кога примате голови е деликатно, но мора да се навикнете на тоа. Сега уште полесно ќе го подготвуваме реваншот во Барселона, ќе победиме на гостински терен.

– Јас сум единствениот кој го гледа овој тим секој ден на тренинзите, ги анализирам сите и јас одлучувам за најважните работи. Овој резултат значи дека треба да ја преземам вината за поразот. Немам никаков проблем со тоа, но веќе се насочувам кон реваншот.

– Во Лигата на шампионите одлучуваат деталите, наместо да водиме 3:1, во следниот напад беше 2:2. На реваншот ни важи само победа и верувам дека ќе победиме. Немам никаков сомнеж дека можеме да го направиме тоа, ако има некој тим кој не тактизира на гостински терен, тоа сме ние. Никогаш не реков дека Барселона е фаворит, сега одиме во Барселона да победиме бидејќи само тоа ни одговара за пласман во полуфиналето, – изјави Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни