Поврзете се со нас

Англија

Лоши вести за Тен Хаг, повредата на Гарначо воопшто не е наивна

Објавено

на

Најпријатното изненадување во Манчестер Јунајтед за оваа сезона, младиот Алехандро Гарначо кој цела година прикажува одлични партии ќе пропушти одреден период во кој ќе биде надвор од тимот поради повреда.

Аргентинецот се повреди на натпреварот со Саутемптон и иако првично се мислеше дека повредата е од послаб карактер, таа сепак воопшто не е наивна.

Гарначо по стартот на Кајл Вокер Питерс дури и продолжи да го игра натпреварот, но потоа беше заменет од Ерик Тен Хаг кој подоцна изјави дека го извадил играчот поради претпазливост и дека мисли дека повредата не е сериозна.

Сепак, по денешните тестирања било откриено дека играчот ќе мора да пузира најмалку еден месец што значи дека ќе ги пропушти и интернационалните средби со Аргентина.

Младиот офанзивец за прв пат доби повик за настап за „гаучосите“, но за негова жал ќе ја пропушти репрезентативната пауза и ќе мора да чека друга прилика за деби во националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни