Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски: Саудиска Арабија? Гледам што се случува, но…

Објавено

на

Саудиска Арабија станува се поатрактивна дестинација за многу фудбалери, а најголемата причина за тоа се неверојатните финансиски улови и заработката до која може да се дојде во релативно краток временски период.

Иако и претходно имаше познати имиња што играа во оваа земја, доаѓањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср некако комплетно ги промени работите, повлече нога и за другите ѕвезди, па веќе видовме како еден Карим Бензема си замина од Реал за да му се приклучи на Ал Итихад, а има и најави за други трансфери кои сигурно ќе се реализираат.

Меѓутоа има и такви кои воопшто не размислуваат за оваа опција и покрај лудите понуди, пример за тоа е Лионел Меси кој на крајот се реши да се пресели во Интер Мајами. На оваа листа е и најдобриот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски кој директно порача дека засега не го интересира тој пазар.

-Интерес за мене од Саудиска Арабија? Нема такво нешто. Не размислувам за такво нешто бидејќи не морам. Гледам што се случува таму, но тоа не ме засега. Во моментов имам други приоритети, изјави Лева на прес-конференцијата на полската репрезентација.

Левандовски има договор со Барселона до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни