Поврзете се со нас

Светски првенства

Легендите во Катар му оддадоа почит на Михајловиќ (ФОТО)

Објавено

на

Смртта на Синиша Михајловиќ го потресе фудбалскиот свет, па голем број на луѓе, работници, аналитичари, легенди му израдуваа последна почит на големиот борец.

Михајловиќ подолго време боледуваше од леукемија, водеше голема борба, имаше период во кој му беше подобро и се врати на тренерската работа, но потоа болеста одново се врати и популарниот Миха не ја доби најважната битка.

Денеска во Доха се играше ревијален меч на кој беа присутни многу легенди како Гути, Гомеш, Снајдер, Салгадо, Матераци…а сите тие му оддадоа почит на Србинот. На сите дресови беше испишан дресот со број 11 како и неговото име Синиша.

-Длабоко ме потресе веста за смртта на еден од најпознатите српски играчи и тренери Михајловиќ. Сите ќе ги паметиме неговите слободни удари. Неговата смрт е голема загуба за сите нас. Изразуваме сочувство до неговото семејство и најблиските во овој тежок момент, -истакна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни