Поврзете се со нас

АТП

Легендарниот Конорс со порака до Ѓоковиќ: Ниту исхраната, ниту тренинзите…

Објавено

на

Фото:twitter.com/AustralianOpen

Џим Конорс е едно од најголемите имиња во историјата на тенисот, ас кој кариерата ја заврши со многу успеси и освоени 109 АТП титули.

Тој своевремено беше и светски рекет број еден и многу добро знае како работите функционираат во светот на белиот спорт. Токму славниот Американец имаше една јасна порака до Новак Ѓоковиќ кој во 2024 година се уште без трофеј, доживеа шокантна елиминација на Индијан Велс по што го откажа и настапот на турнирот во Мајами.

-Годините се нешто што не може да се победи без разлика колку напорно се борите или колку напорно се трудите да имате правилен режим на исхрана и тренинг. Бројките тука се бројат.

-Кога играте со момци кои се 15 години помлади од тебе, искуството е голема работа. Сепак, има и друга страна на искуството – кога ќе го стекнете вие сте премногу стари за да направите нешто со неа. Доаѓате до точка каде што тие момци се само посилни и подготвени да останат таму – на врвот. Ѓоковиќ исто така беше млад кога го започна својот подем, играјќи со играчи кои мораше да ги победи за да стекне репутација. Јасно е дека сега е тешко, -порача Џим.

Инаку Ноле во мај ќе го прослави 37 роденден, па повеќе од јасно е дека се поблиску до крајот на активното тениско патување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни