Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот Хаман стравува за Клоп: Гледам знаци кои не сум ги видел пет години

Објавено

на

Ливерпул има разочарувачки старт на сезоната и веќе заостанува 14 и 13 бода зад Арсенал и Манчестер Сити, факт кој направи Јирген Клоп многу рано да се откажа од битката за титулата во Премиер лигата.

Последниот пораз на гостувањето во Северен Лондон кај Арсенал ни даде само уште една потврда дека оркестарот на Јирген Клоп е навистина раштиман и не изгледа ниту одблиску добро како минатата сезона, па иако до овој момент Германецот ниту еднаш не е доведен во прашање, Диди Хаман смета дека тоа може да се промени набрзо.

Легендарниот играч за врска на Ливерпул вели дека почнува да гледа први знаци на крај на една ера на „Енфилд Роуд“, а тоа го посочи со издвојување моменти од последниот меч со Арсенал.

– Се уште не е дојдено до тоа, но ако продолжат овие резултати, ќе почнат и дискусии за иднината на тренерот. Да бидам искрен, не верувам дека сме многу далеку од тоа. Клоп и натаму вели дека тој е вистинскиот човек за овој тим на Ливерпул, но веќе гледам први знаци за почеток на крајот.

– Начинот на кој Хендерсон го напушти теренот и ја извади лентата не ми се допадна. Неговото одмавнување со глава е и сигнал за незадоволство кон тренерот. Такво нешто немам видено во Ливерпул пет години. Можеби се сработи за мали знаци, но ако оваа динамика продолжи и резултатите не дојдат, тренерот ќе биде под голем притисок. Тешко е да се зборува за крај на една ера. Не би ги отпишал комплетно, но мојата имагинација но ми дозволува да видам од каде ќе дојде искрата во тимот во следните неколку недели, – вели Хаман за „Ток Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни