Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Не беше лесно да се совлада Луксембург, во недела сите заедно да го прославиме пласманот на ЕП

Објавено

на

Македонската репрезентација се избори за триумф на гостувањето кај Луксембург од 28-23 и со тоа практично обезбедивме пласман на Европското првенство кое нареднаат година се игра во Германија.

Сега останува само да ставиме печат во недела против Турција и на тој начин го заокружиме овој циклус со оваа подмладена репрезентација.

-Не е лесно да се победи никого. Ние сме подобри од Луксембург, ама е тешко да се слави против секој ривал. Очекував тежок меч, противникот се покажа во добро издание.

-Во недела очекувам да бидеме уште подобри. Очекувам полна сала и сите заедно да го прославиме пласманот на СП, -истакна селекторот Кирил Лазаров.

Средбата се игра во „Борис Трајковски“ од 18 часот, а билетите се по цена од 100 денари.

РФМ почна со продажба на билети за дуелот Македонија-Турција

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни