Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа со критики за Барди и останатите соиграчи од Леванте: Тешко е да се игра во такви услови

Објавено

на

Реал Мадрид им приреди ново разочарување на своите фанови и денеска на домашен терен загуби од Леванте со 1:2, натпревар кој „кралскиот клуб“ го играше со играч помалку повеќе од 80 минути.

Стоперот Милитао доби исклучување уште во осмата минута поради прекршок врз противничкиот напаѓач, па иако Рафаел Варан беше во близина, главниот судија процени дека има доволено елементи за црвен картон и најстрога казна поради спречување на изгледна шанса за гол.

Ова дефинитивно влијаеше многу на конечниот епилог без оглед на тоа што Реал со играч помалку поведе со 1:0, бидејќи во продолжение Леванте ги искористи своите шанси и победи со 1:2. Тибо Куртоа кој беше најдобар поединец во Реал со шест одбрани беше разочаран од поразот, а истовремено немаше позитивно мислење за главниот судија Хименез и играчите на Леванте.

– Судијата извади црвен картон по само 7-8 минути. Не сум сигурен, тоа е судиско толкување, ги има различни. Тука беше и Варан, не сум сигурен, Милитао немаше намера да прави прекршок. Се боревме до крај, вистинска штета е што загубивме.

– Имавме играч помалку, не беше лесно да се игра. Тие беа добри, но многу време поминаа и на тревата. Во таква ситуација тешко е да создавате шанси, – порача Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни