Поврзете се со нас

Македонија

Крај на приказната: Вујовиќ повеќе не е тренер на Вардар

Објавено

на

Црногорскиот стратег, Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на актуелниот македонски шампион Вардар 1961.

Вардар добро ја започна сезоната и освои пет бода на првите три средби во Лигата на шампионите за да потоа екипата влезе во дупка и загуби седум меча во низа во ова натпреварување.

Ако на ова се додаде и шокантниот пораз на „црвено-црните“ од вториот тим на Еурофарм Пелистер тогаш повеќе од јасно е дека не функционираше нешто во екипата, па управата на чело со Михајло Михајловски одлучи да се разделисо Вујовиќ.

Ова за популарниот Вујо беше трет мандат во Вардар, мандат кој беше најкраток и најнеуспешен.

Претходно славниот ас ја водеше скопската и македонската гордост од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни