Поврзете се со нас

Мото ГП

Крај на кошмарот: Маркез ќе вози на трката во Португалија (Фото)

Објавено

на

Репсол Хонда рано утрово излезе со информација која долго ја чекаа големите љубители на мотоциклизмот, обелоденувајќи дека Марк Маркез добил зелено светло за настап на следното гран-при во Мото ГП шампионатот.

По ваквата објава на Хонда, со потврда на информацијата излезе и самиот Маркез, кој потенцираше дека ќе биде дел од трката за Големата награда на Португалија која се вози на 18-ти април.

Осумкратниот светски шампион претрпе три операции на раката во изминатите девет месеци и пропушти најголем дел од минатата сезона, а ги прескокна и почетните две од новата и не беше дел од падокот во Катар за да не се избрза со враќањето.

– Навистина сум многу среќен. Вчера бев на преглед кај докторите и ми дадоа зелен светло за да се вратам во натпреварувачки ритам.

– Ова беа тешки девет месеци, со многу подеми и падови, а сега конечно ќе можам да уживам во мојата најголема страст. Се гледаме следната седмица во Портимао!, – порача Маркез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни