Поврзете се со нас

Италија

Коларов објави крај на кариерата, но најави: Започнувам со другиот живот во светот на фудбалот

Објавено

на

Александар Коларов имаше сезона за заборав под водство на Симоне Инѕаги во Интер, но за негова жал, истата се претвора како последна во играчката авантура бидејќи денеска објави крај на кариерата.

Српскиот лев бек пристигна во Интер по барање на Антонио Конте, но по тренерската смена не се најде во плановите на Инѕаги и практично заминува во пензија без проштален натпревар.

Коларов последниот меч во дресот на Интер го одигра на крајот на 2021-ва година, па ваквиоте околности го натераа да не бара нов предизвик во фудбалската кариера и да се пензионира на 36 години.

– Отсекогаш знаев дека порано или подоцна ќе дојде овој момент. Иако ми е жал што затворам едно поглавје во животот, благодарен сум што успеав да го остварам она за што сонував.

– Доаѓам до крајот на оваа фаза во животот и чувствувам големо задоволство за она што го постигнав. Се надевам дека со секојдневното докажување на теренот и надвор од него барем малку се оддолжив на оваа убава игра, но и на оние кои ме поддржуваа. Сега сум веќе насочен кон другиот живот во светот на фудбалот. Наскоро одам во Националниот фудбалски центар при Федерацијата на Италија и ќе започнам школа за спортски директор и скаут, – објави Коларов кој ги откри и своите следни планови.

Коларов кариерата ја завршува со освоена титула во Серија А во првата сезона во Интер, две со Манчестер Сити во Премиер лигата, во Лацио ја освои Копа Италија, додека трофеј во Европа не освои само во Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни