Поврзете се со нас

Англија

Клоп не можел да им поверува на очите: Никогаш немав видено вакво нешто во фудбалот (Видео)

Објавено

на

Јирген Клоп беше преплавен од позитивни емоции откако неговиот Ливерпул оствари драматична победа на гостувањето на „Хоторнс“, натпревар на кој добивме навистина неочекуван херој во последните секунди од средбата.

Голманот Алисон Бекер го постигна својот прв гол во професионалната кариера, а мора да се напомене дека истиот не беше било каков. Бразилецот испрати извонреден удар со глава во стил на страшен голгетер од врвна класа, па токму поради тоа, експресно доби искрени честитки од сите соиграчи на теренот, а секако и од менаџерот Јирген Клоп.

Германецот беше пресреќен што неговиот тим постигна гол за 1:2 и тоа што остана во игра за пласман во Лигата на шампионите, но додека говореше за спектакуларниот гол на својот голман, даде и интересен коментар во свој стил.

– Неверојатен удар со глава. Никогаш немав видено вакво нешто во фудбалот. Прво помислив дека не видов баш најдобро, не верував што гледам. Знам што значи овој гол за Алисон, навистина сме блиски.

– За некои фудбалот е само фудбал, но за нас фудбалот е живот, за нас фудбалот е се на светот, а Алисон е еден од нас, – порача Клоп откако претходно Бекер се расплака за време на интервјуто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни