Поврзете се со нас

АТП

Кирјос со изненадувачка изјава за учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен

Објавено

на

Учеството на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен и натаму е огромна мистерија и цел тениски свет се прашува како ќе изгледа тенискиот грен слем во Мелбурн без најдобриот светски тенисер, до толку што со неочекувана изјава се јави и играчот кој нема никакви симпатии кон тенисерот од Србија.

Ник Кирјос во изминатиот период испрати безброј „отровни стрели“ кон светскиот рекет број еден и ја доведуваше во прашање неговата морална вредност со оглед на постапките во екот на Ковид пандемијата, но сепак кога е во прашање вакцинацијата, Австралиецот е максимално либерален и смета дека секој треба да има право на избор.

Кирјос се надева дека Новак ќе добие зелено светло за настап на Австралија Опен, бидејќи според него, ќе биде вистинска катастрофа ако на турнирот не ги гледаме него, Федерер и Надал.

– Искрено не знам каква е ситуацијата на Ѓоковиќ и што ќе биде потребно за да заигра на Австралија Опен. Јас се надевам дека убаво ги минал празниците и дека ќе може да игра уште долго. Уште порано имам кажано дека Федерер, Надал и Новак му се потребни на тенисот.

– Ако никој од нив тројца не биде тука, тоа ќе биде катастрофа. Вистинска катастрофа за навивачите кои уживаат во тенисот. Тоа би било одлична шанса за младите играчи, но сепак сметам дека оние тројца се потребни на секој грен слем, – потенцира Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни