Поврзете се со нас

АТП

Кирјос прогнозираше колку грен слем титули ќе освои Ѓоковиќ: Само јас можам да го сопрам на Вимблдон

Објавено

на

Ник Кирјос значително го поправи односот со Новак Ѓоковиќ и сега е на негова страна кога се најважните спортски настани во тенисот во прашање, па Австралиецот нема дилеми дека Србинот е фаворит број еден и за титулата на Вимблдон.

Неофицијалното светско првенство во тенис ќе стартува на 3-ти јули и светскиот рекет број еден ќе ја брка осмата титула во Ол Ингланд клубот, со која би се израмнил со легендарниот Рожер Федерер.

Што се однесува до вкупниот број на грен слем турнири, Ноле веќе го мина Швајцарецот и е апсолутен рекордер со 23, а Кирјос смета дека Србинот може да дојде и до 30 до крајот на кариерата.

– Никој не може да го сопре на Вимблдон, освен јас. Искрено, се надевам дека ќе освои 30 грен слем титули, бидејќи тогаш ќе изгледа уште подобро дека сум изгубил од него во финале на Вимблдон.

– Знам дека веќе следна цел ќе му биде освојување на 24 или 26 грен слем титули, знам дека е гладен. Луѓето мислат дека ќе забави, но мислам дека оваа последната титула ќе му даде уште поголема мотивација. Се надевам дека ќе освои 28 или 30 грен слем титули, – изјави Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни